Новите истражувања покажаа дека младите луѓе немаат доволно самодоверба да поставуваат прашања за сексот, па затоа не е ни чудно што се обраќаат на интернетот. Гледањето на порно-филмови не е злочин, ама може во голема мера да ја поремети реалната слика за работите кај тинејџерите. Овие 5 работи ги гледате во порно филмовите, а во реалниот секс никогаш или ретко се случуваат.

1. Секоја личност од спротивниот пол во секој момент мисли само на секс

Порно филмовите настојуваат да испратат порака дека секоја личност од спротивниот пол која ќе ја сретнете чека само на вашата понуда за секс и нема да може да се воздржи додека не ја искине облеката од вас. Ако поверувате во ова, можете да доживееете непријатности во односите со луѓето. Всушност повеќето луѓе не сакаат да имаат секс постојано или со секоја личност на која ќе наидат.

2. Жената ќе доживее и оргазам без стимулација

На жените им треба континуирана стимулација на ерогените зони за да доживеат оргазам. На просечна жена и требаат 20 минути за да достигне оргазам, што е речиси двојно повеќе од времето кое е потребно просечниот маж да доживее оргазам.

Во порно филмовите жените најчесто стенкаат во просек од 5-7 минути по што доживуваат оргазам, што е многу нереално и ги збунува гледачите на овие филмови.

3. Сите сакаат анален секс!

Не само што сите жени не го сакаат туку во порно филмовите целата работа се одвива без лубриканти. Да ве вратиме во реалноста -аналниот отвор нема можност за самонавлажнување како вагината. Затоа ако сакате да се впуштите во анален секс инвестирајте во добар лубрикант и водете сметка за хигиената. Клистирањето е пожелно.

4. Предиграта не постои

Во порничите главнат „акција“ се одвива во истиот „момент“, или евентуално имаме предигра која трае 30 секунди. Во реалниот живот е апсолутно неопходна. Ќе ја цитираме „Американска пита“

-Мораш да ја загрееш рерната пред ја ја ставиш мисирката!

5. Надворешната ејакулација е задолжителна

Во повеќе порно филмови се случува мажите да ејакулираат на лицето, градите или задникот на партнерката. Ова е во ред ако и двата партнера се согласувааат, ама во реалниот живот тоа често не еслучај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.