Доколку и вам карантинот ви го уништи сексуалниот живот, Светскиот ден на оргазмот, 31 јули е ваша прилика тоа да го поправите. Брендот „Лело“ носи неколку совети како е најдобро тој да се прслави:
1. Размислувај позитивно за сексот, дури и кога го немаш
Иако личи на излитена фраза, доста е битно да се има позитивен став за своето тело и соптсвеното уживање, велат експертите.
2. Кога имаш секс, пак, не размислувај воопшто
Дали си ги избричила нозете, какви гримаси правиш, дали си прегласна…Максимално потрудете се да не размислувате на вакви или други сериозни и несериозни работи. Фокусирајте се само на ритамот и положбата.
3. Вежбај, вежбај, вежбај… Самозадоволување!
Секое тело е приказна за себе и доста е битно да ја откриеш својата. Нема ништо срамно во допирањето себеси, напротив – така ќе научите што сакате
4. Имај секс каде твојот оргазам е подеднакво важен
Ставете го вашето задоволство на исто ниво како она на партнерот. Не е секс само пенетрацијата.
5. Разговарај квалитетно
„Лело“ ја потенцира важноста на квалитетна комуникација за сексот, без разлика дали е со партнерот, пријателите, експерт. Само во овој случај желбите се кажуваат на глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.