Сексот е активност за која сме убедени дека треба да биде фантастичен и дека треба да се заврши со оргазам, но тоа не е баш така
Пред се, оргазмот не означува успех – многу луѓе имаат совршено забавен секс и без него. Едноставно не е реално да се мисли дека сексот треба секогаш да биде неверојатен.
Вистината е дека скоро никој нема секогаш совршен секс, па дури ни парови кои меѓусебно многу се привлекуваат. Токму затоа паровите треба да развиваат свои сексуални техники.
Ова се пет основни совети за сексот.
Најважен полов орган е мозокот
Ако премногу размислувате за тоа како изгледате и дали нешто сте направиле добро, не очекувајте добар секс.
Многу е важно да се препуштите на уживањето и да не размислувате за небитни работи.
Комуникацијата е многу важна
Многу е важно да ги отворите комуникациските канали за да уживате во добриот секс. Не плашете се да кажте: „Тоа навистина не ми се допаѓа“.
Разговарајте за тоа што вас навистина ве возбудува и во што уживате.
Не очекувајте секогаш да биде неверојатно
Во ниту една врска не се случува псотојано да се дојде до максимално уживање.
Користете играчки
Во тоа нема ништо лошо. Поголемиот дел од жените имаат потреба од дополнителна стимулација на клиторисот за да го достигнат врвот.
Бакнувањето е клучот
Голем број парови ја потценува важноста на бканувањето, но бакнувањето е совршен начин за воспоставување интимности и веројатно најважниот предсексуален чин.
Било да е со јазикот или не, романтично или со гризнување, бакнувањето никако не смеете да го изоставите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.