Возбудени сте и подготвени. Играта започнува, и тогаш партнерот го вади кондомот од фармерките или паричникот… Иако неговиот рок на траење можеби одамна е поминат, сепак се наоѓа таму, за секој случај. Никогаш не треба да го правите ова.

Местото на кондомите не им е во џебот или во паричникот. Овие места се навистина одвратни. Причината е што помеѓу другото, ова средство за контрацепција е навистина чувствително на топлина.

Топлината, влагата, триењето и светлото можат да имаат влијание на квалитетот на кондомот и да го направат помалку ефикасен, изјавила доктор Карин Осаливан.

И џебовите и паричникот се премногу топли места бидејќи се близу до телото. Кога кондомот е на топло, латексот станува послаб и се зголемува ризикот од пукање на кондомот. Ако на тоа го додадете и триењето коешто е неизбежно во џебовите, ризикот станува уште поголем.

Кондомите не би требало да ги чувате ни во тоалетот бидејќи можат да се оштетат од влагата. Исто така немојте да ги изложувате на директна сончева светлина. Најдобро е да ги чувате на темно место, на собна температура и одвреме-навреме да им го проверувате рокот на траење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.