Себичните луѓе се себични и во сексот. Ако имате таков партнер, тогаш збогувајте се со оргазмите. Не се сите луѓе добри во креветот. Некои се себични и се грижат само за себе и своите потреби и тоа добро се гледа во сексот.
Сигнали дека вашиот партнер е себичен во сексот
Предиграта е прекратка
Тој не размислува за вас и што ве возбудува. Само неколку бакнежи и се префрла на главното.
Ретко ве задоволува орално
Тој нема обврска да прави нешто што не сака, но ако очекува тоа вие да го правите за него, а тој за вас не, тогаш не е фер.
Ги наметнува своите омилени пози
Ги практикува позите кои ги сака и му се добро извежбани, кога предложувате нешто ново одбива.
Брзо доживува оргазам
Тој ја завршува својата работа за кратко, ужива и не се грижи што вас ве оставил на половина пат.
Сексот завршува со неговиот оргазам
Иако свршил предвреме, тој не се обидува да ве донесе до врвот со рака или на некој друг начин, туку само се покрива и си заспива.
Не се грижи за личната хигиена
Се чувствувате непријатно кога ја занемарува личната хигиена, но му простувате затоа што „тој е маж“.
Сака секс по секоја цена, дури и кога вие не сте расположени
Ниту едно објаснување не е доволно за него за да се откаже од идејата да имате секс.
Не ги гледа овие проблеми
Кога се обидувате да дискутирате со него за проблемите со сексот тој се смее и вели дека вие сами си измислувате сè. Во најдобар случај вели дека ќе се обиде, но не менува ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.