Секс не е само игра и забава, а науката докажа дека има и големи здравствени предности. Преку секс може да се ослободите од стресот, да го подобрите квалитетот на сонот, да го намалите притисокот, да го зголемите имунитетот и да се зближите со партнерот.
Најновите истражувања покажале дека ако имате секс најмалку еднаш неделно, тоа ќе ви помогне да живеете подолго.
Едно истражување кое било спроведено на Универзитетот во Калифорнија и во Сан Франциско опфатило 129 мајки кои биле во врска. Учесничките давале дневни извештаи за својот однос со партнерот, задоволството во врската и колку пати неделно имале сексуален однос со него.
Во истражувањето било користено и примерок од крв со цел да се анализираат клетките кои се показател на стареењето. Кога истражувачите ги споредиле извешаите на жените дошле до заклучок дека оние жени кои имале секс еднаш неделно имаат заштитна капа на ДНК која го одредува животниот век на клетката, за разлика од оние кои немаат сексуални односи.
Заштитните капи, теломери, се разградуваат како резултат на лоша исхрана, алкохол и природен процес на стареењето, според авторите на истражувањето. Она што е позитивно е тоа дека редовниот секс може да ги поправи и да ги продолжи теломерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.