Дали ќе уживате во креветот секој ден или не, колку се важни за вас „оние работи“ во животот и дали сакате жешки игри зависи од вашиот хороскопски знак, па погледнете кои личности не се заинтересирани за интимни моменти.
Водолија
Личностите родени во овој хороскопски знак сакаат да алудираат на сексуалноста и на нештата поврзани со интимноста, но не затоа што тоа им е примарно. Тие уживаат во сексот, но ретко кога имаат желба за тоа. Овие личности се познати по тоа што можат подолго време да издржат без авантури и да бидат сосема во ред. Но, кога конечно ќе се најдат со некого во кревет, целата енергија зрачи од нив.
Риби
Овие личности уживаат во сексот, но тоа не е она што ги води низ животот. За време на интимниот однос, тие понекогаш се губат во своите мисли. Нивната бујна имагинација може да направи вистински чуда во спалната соба, но само ако се препуштат на моментот. Енергијата што другите ја трошат на интимни односи, Рибите ја пренасочуваат на креативноста.
Близнаци
Овие личности ќе ве натераат да се засрамите од вашите „валкани зборови“, а кога треба да се случи нешто, најчесто сè завршува со зборови. Единствената добра работа е што овие личности сакаат да пробуваат нови работи и не одбиваат некои „чудни“ барања кога ќе имате секс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.