Миа Костова за која може да се каже дека е една од ретките македонски јавни личности која може отворено да зборува на многу теми, а една од нив е и нејзината сексуалност.
Таа како гостинка во емисијата на Стефан Лазаров, раскажа неколку интересни работи меѓу кои сподели и која е нејзината најсекси тетоважа.
– Кое е најсекси место каде имаш тетоважа, праша Стефан.
Миа малку се помисли па одговори:
-Меѓу градите –срце.
На прашање за тоа дали сексот е подобар со маж или со жена, Миа нимаше конкретен одговор или пак не сакаше да каже.
-Зависи во какво расположение си, но ќе се сложиш со мене дека жена е жена, рече Миа.
Миа често знае да ја зинтригира јавноста со по некоја сочна изјава како онаа штоја даде пред некое време за магазинот „Бекстејџ“.
-Да, љубев жена, тоа е вистината, Претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба да љубам некој што е маж или жена, туку според тоа дали е човек, објасни Миа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.