За да го постигнете совршенството во секст, морате да ги знаете правилата на играта, особено непишаните. истот ака, еднакво е важно да бидете свесни за реалноста. Затоа, добро обрнете внимание на следните факти:

  • Прво и основно – во сексот му го пружате на партнерот она со што би се почестиле себеси. Отвореноста е секогаш вистински избор.
  • Второ – кој сака добар секс, мора да е љубопитен. Без љубопитност, работите брзо стануваат здодевни, а тоа е последно што ви треба во креветот.
  • Трето – не осудувајте се, секоја трета жена и секој втри маж во текот на сексот мислат на некој друг. Замижете и уживајте, но имињата кои ви поминуваат низ глава, спак, задржете си ги за себе, советува „Метро“.

Ако основните правила не ви влеваат самодоверба, обрнете внимание и на:

  • Кажете му на партнерот дека е најдобар во сè, особено во кревет, зашто пофалбата прави чуда со неговата самодоверба.
  • Не морате да делите бања со партнерот освен ако не се работи за сексуална игра. Колку и да сте блиски, некои работи се потполни лични и нека останат такви.
  • За неа – ако сакате да воспоставите сериозна врска со мажот, не преправајте се. Не изигрувајте самостојна жена која гради акриера ако барате рамо на кое можете да се потпрете, зашто тие два поима во машките очи се далечни и неспоиви.
  • За него – верувајте, немате причина за грижа. Повеќето мажи се љубоморни на вибраторите. Тоа не е чудно, зашто реално гледано, тој секогаш може. Но, незаменливи сте и тоа секоја жена го знае.
  • За двајцата – не заборавајте, за желбите, страстите и сексот не е одлучувачка техниката, туку интимната атмосфера што ќе ја создадете.
  • За крај – вечното прашање – секс за смирување? Да, секогаш, особено ако се усогласат лутината и љубовта. Ако не успее, барем знаете на што сте.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.