Орален секс преку ѕид со дупка (популарно наречените glory holes), миење на сексуалните играчки пред и по употреба, секс со маски – ова се само дел од препораките од Центарот за контрола на болести на Британска Колумбија за практикување сигурен секс за време на пандемијата.

Листата со совети наречена „ковид-19 и секс“ на канадските власти беше објавена неделава и брзо стана главна тема на социјалните мрежи.

Главниот совет е дека во овие тешки времиња мастурбацијата би можела да биде најдобра опција, истакнувајќи дека „вие сте си ваш најбезбеден сексуален партнер“.

Доколку на некој и понатаму му треба друштво, а се чувствува здраво, за време на чинот би требало да носи прекривка или маска за лице и да избегнува бакнување;

Сексуалните играчки не треба да ги делите со други;

Мијте ги играчките темелно со сапун и вода пред и по употреба;

Партнерите да избегнуваат допири по лицето и било каква размена на плунка;

Да се одбираат пози кои не се „лице в лице“;

Користете прегради како ѕидови или дупки во ѕидовите кои ви овозможуваат секс, но спречуваат близок контакт лице в лице, советуваат Канаѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.