Во заедничката студија на Универзитетите во Нотингем, Бристол и Свонси, објавена во списанието „Journal of Sex Research“, самците што бараат подобра половина одговориле на прашањето кој идеален број сексуални партнери е пожелен, за да ја направат таа личност привлечна за нив.
Повеќето рекоа дека бараат партнер кој е сексуално искусен, но сепак не премногу. Интересно е што мажите и жените се согласуваат за тоа дека не сакаат да започнат врска со невини луѓе, но и со сексуално промискуитетни луѓе. Колку е поголем бројот, толку е помалку атрактивна личноста.
Истражувачите испитале 188 луѓе, од кои 104 биле жени. Кога барале само авантура, жените не сметале дека се интересни мажите кои имаат повеќе од шест партнери, додека мажите го загубиле интересот кога тој број надминал единаесет.
И двата пола сметаат дека идеалниот број на претходни партнери е три. Сепак, ова е различно кога станува збор за потенцијално долгорочна врска.
Тогаш повеќето испитаници одговориле дека идеален партнер за нив ќе биде оној со број два зад нив.
Причината е едноставна: луѓето се плашат дека колку е поголем бројот на претходни сексуални партнери, толку е поголема веројатноста дека ќе бидат изневерени.
„Спротивно на популарното верување дека промискуитетот го толерираат мажите, а не жените, и мажите и жените изразија подеднакво неподготвеност да се впуштат во врска со некој кој има богато сексуално минато“, пишуваат авторите.
Единствената разлика е во тоа што мажите се поспремни да се впуштат во врска со невини или луѓе со помало сексуално искуство. Исто така, треба да се земе предвид дека сите испитаници имале околу триесет години, па затоа е многу можно ставовите да се разликуваат во другите години.
Дополнителните истражувања покажаа дека мажите вклучени во студијата во просек имале 8,4 партнери, а жените околу 5,81.
Се разбира, треба да се има предвид дека повеќето луѓе лажат за бројот на сексуални партнери – мажите со зголемување на бројот, а жените со намалување на истиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.