И мажите и жените кога водат љубов велат дека тоа чувство е неверојатно и дека не може да се опише. Меѓутоа, дали е навистина точно дека едниот пол ужива повеќе од другиот?
Главниот проблем се јавува кога ги споредуваме машкиот и женскиот оргазам.
Машкиот оргазам е пократок и трае 3-10 секунди, додека женскиот трае 20 секунди. Меѓутоа, мажите побргу доживуваат оргазам, додека на жените им треба повеќе време.
Што е подобро- јачината на оргазмот или неговата зачестеност?
Многу универзитети спроведуваат истражувања за да откријат чиј оргазам е подобар. Тие тргнаа од разликите, но крај заклучија дека машкиот и женскиот оргазам се слични.
Иако има разлики во траењето, машкиот и женскиот оргазам имаат исто влијание на телото. И мажите и жените се чувствуваат поспано после оргазмот затоа што во мозокот се лачи пролактин.
И двата пола исто така доживуваат краток „нервен шок“ кој поминува низ целото тело и на некој начин се чувствуваат исцрпено.
Начинот на кој оргазмот влијае на мозокот е ист и кај мажите и жените, сите центри подеднакво работат при овој чин.
На жените им треба повеќе време за да доживеат оргазам, но уживањето е продолжено.
Кој е повеќе возбуден?
Секогаш прво ќе помислите на мажите. Но, и жените имаат подеднакво голема желба за секс и уживаат во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.