Толку многу може да се одреди според вашиот датум на раѓање. Од тоа каква работа би била идеална за вас, каква гардероба најмногу ви прилега, до тоа како вашиот хороскопски знак влијае на вашиот сексуален живот.

Огнените Лавови сакаат да експериментираат и се склони кон прељуба и авантури, а ги привлекува и водење љубов под отворено небо како и групен секс. Терезиите пак се конзервативни и го задржуваат сексуалниот живот само за себе и ретко, речиси никогаш не зборуваат за тоа.

Секој знак има свој фетиш и идеално место за секс, а доколку сакате да го изненадите партнерот или љубовникот, дознајте кое место за водење љубов е идеално и за неговиот, и за вашиот знак.

Овен
Овните се директни, искрени но и „валкани“ и вулгарни во сексот. Сакате и да опцуете за време на чинот на водење љубов, но не уживате во секс што трае предолго. За вас сексот во када е идеален, но ве привлекува и водење љубов во кино додека гледате романтичен филм. Постојано копнеете за предизвици и не се двоумите да испробате нови техники и пози.

Бик
Биковите фантазираат за секс во луксузен хотел со пет ѕвезди. Материјалисти сте, сакате луксуз и скапи работи и никогаш не би се согласиле на „секс на екс“ во автомобил или на јавно место. За вас предигра е скапа вечера со свеќи и распослани ливчиња од ружа. Сакате удобност и за вас тоа е голем кревет, а не тесно и непријатно место. Опуштената атмосфера ќе ги разбуди сите сексуални сетила кај Бикот, а искрено, вие сакате да трае цела ноќ.

Близнаци
Близнаците исто така многу наликуваат на Биковите кога станува збор за луксуз, но за разлика од нив сакаат отворено да зборуваат за сексот и за нив добрата предигра е клучот за уживањето. Нема да се двоумите да се предадете на подот од дневната соба, како и да имате секс во спалната соба на вашите родители. Со задоволство би ги проучиле позите од Кама Сутра доколку тоа е и желбата на вашиот партнер.

Рак
Раковите се срамежливи, љубезни и фини, но се вистински ѕверови во кревет. Со задоволство ќе ја искинете облеката – и својата, и на партнерот – и ќе уживате во диво водење љубов. Не се грижите за местото или времето, се концентрирате на заемно задоволство. Идеално место за водење љубов со вас е плажата.

Лав
Сакате да експериментирате, склони сте на прељуба, авантури и ве привлекува групен секс. Лавовите се многу креативни луѓе, затоа потрудете се околу предиграта, и доколку вашиот партнер е Лав во хороскоп, да му ја разбудите страста. Каде Лавовите сакаат да водат љубов? Секаде, без разлика на местото, важно е само да се препуштите на уживањето и лудата страст. Тие веруваат дека се љубовниците број еден и фантазираат за групен секс за да можат голем број луѓе да ги видат нивните вештини.

Девица
Ако сакате да ја заведете Девицата, сменете ја постелнината и исчистете ја спалната соба од прашина. Побргу ќе го забележат нередот во собата отколку вашата секси долна облека или секси играчки кои имате намера да ги пробате. Пред да водат љубов ќе проверат и дали тоалетот е чист, бидејќи после секс мора веднаш да се истушираат. Идеалното место за водење љубов со Девиците е дефинитивно спалната соба и голем, брачен кревет.

Терезија
Вагите се возбудуваат при најмал допир на нежност, а тие се многу конзервативни и речиси никогаш не зборуваат за секс со пријателите и семејството. Интимните моменти се наменети само за нив и нивниот партнер. Вагите ги привлекува шармот и убавината, затоа потрудете се амбиентот да го направите пријатен и креативен. Тие ќе бидат воодушевени да водат љубов на светлина на свеќи, со послани ливчиња од ружа на креветот во убав хотел.

Скорпија
Многу сексуален знак кого го привлекува водење љубов во канцеларија, во природа, па дури и на базен. На Скорпиите не им е непознат сексот на јавно место. Само небото е граница кога е во прашање предиграта со овој сензуален знак. Веројатно ќе биде доволен добар стриптиз. Ако им се брза, сексот набрзина ќе биде одлична опција.

Стрелец
Диви, невоздржани и многу темпераментни Стрелци водат љубов животински и за нив сексот не е табу. Отворено зборуваат за него, се фалат со своите сексуални вештини и способности, а сакаат и да се шегуваат и смеат додека водат љубов. Ги привлекува секс во природа или во напуштена колиба. И сексот на трева им звучи како добра идеја.

Јарец
Јарците се повлечени и срамежливи кога станува збор за скесот и за нив тоа е приватна работа за која не се зборува. Никогаш и никому! Би уживале во водењето љубов во СПА центар, но најпрво да се релаксираат со добра масажа.

Водолија
Водолијата сака да експериментира, а еротската предигра и тантричкиот секс ќе им ги разбудат умот и телото. Бидејќи Водолијата е многу дружељубива, немојте да се изненадите ако ги возбудуваат приказните за туѓиот сексуален живот. Идеално место за водење љубов со нив е автомобилот, а тие сакаат да пробаат секс преку телефон и преку секси чет разговори или видеоповик.

Риби
Костимите и игрите со различни улоги ќе ја разбудат нивната имагинација и ќе ги претворат во вистински сексуален ѕвер. Релаксирањето во топла купка или гушкањето покрај море исто така добро ќе им дојде бидејќи ќе ја разгори нивната желба за секс. Идеално место за водење љубов е покрај река или во море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.