Брчките на лицето и седата коса не се единствените знаци што ги откриваат годините. Ни вагината не е имуна на стареење, а ова се промените низ кои поминува таа со секоја нова свеќичка на тортата.
Боја и облик
„Вагината која сè уште не влегла во периодот пред менопауза е розова и влажна. Но кога е во предменопауза, телото го намалува лачењето на естроген, слузокожата на вагината станува побледа, губи на волумен, еластичност и е помалку влажна“, објаснува гинекологот Тања Адиб.
Како што мускулите на вагините слабеат со текот на годините, така може да дојде до пролапс (неправилна положба, поместување) на гениталните органи. Овој проблем погодува околу 50% од жените. Гинеколозите препорачуваат вежби за вагината, најпопуларни се Кегеловите вежби, а во краен случај се предлага хируршки зафат што ќе ги врати органите на место.
Сувост
Сувоста на вагината е уште еден проблем со кој се соочуваат жените. Сувоста може да предизвика болка за време на сексуалните односи, па дури и за време на секојдневните активности како што е одењето. Може да го ублажите овој проблем на тој начин што ќе ги одбегнувате силните средства за миење на интимната зона.
„Кога нивото на естроген ќе падне, вагината губи влажност, а pH-вредноста расте и се зголемува ризикот од инфекции“, откриваат гинеколозите.
Обидете се да ги спречите инфекциите по природен пат така што ќе ја прилагодите исхраната, ќе ги отфрлите шеќерите и празните јаглени хидрати, ќе пиете јогурти и ќе носите памучна долна облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.