Малезиски гинеколог го измислил првиот унисекс кондом во светот кој може да го користат и жени, и мажи. Д-р Џон Танг Инг Чинг, е гинеколог и основач на Twin Catalyst, компанија која произведува медицински материјали. Тој објаснува дека кондомот е многу е тенок и издржлив, а изработен е од медицински полиуретан кој најчесто се користи како завој за преврзување на рани и други повреди.

Докторот се надева дека Wondaleaf Unisex Condom ќе ги охрабри луѓето да преземат подобра контрола над своето сексуално здравје без оглед на полот или сексуалната ориентација.

Во суштина тоа е обичен кондом со леплива обвивка. Благодарение на лепливата обвивка, кондомот се закачува за вагината или пенисот, а ја покрива и околината за засилена заштита, објасни малезискиот лекар.

На својата веб-страница, Танг напиша дека „лепливиот дел од кондомот Wondaleaf е само на едната негова страна, но бидејќи може да се преврти на другата, може да го користи кој било пол.

Една кутија Wondaleaf содржи два кондома и ќе чини околу три евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.