Кога најпознатиот грчки режисер за еротски филмови Димитрис Сиринакис организирал аудиција, никој не претпоставувал колку луѓе ќе се пријават – од млади девојки до пензионери.

Големи редови се создале во атинската населба Палео Фалиро, каде што мажи и жени од сите возрасти дошле на кастинг за порноактери.

Сепак, најголемо внимание привлекла една мајка која ја довела својата 25-годишна ќерка и барала од режисерот нејзината ќерка да глуми во филм за возрасни со 50 мажи.

И самиот режисер за грчките медиуми признал дека оваа приказна е вистинита.

Да, дојде една мајка со нејзината ќерка. Трагикомично е тоа што имаше барање нејзината ќерка да глуми во филм кој целосно ќе се разликува од останатите. Кога ја прашав дали е свесна дека нејзината ќерка ќе глуми во порно филм, таа одговори: “Секако. Но доколку ја ставиш со еден маж тоа е веќе видено. Сакам 50 мажи кои чекаат на ред да спијат со неа. Е, тоа ќе има гледаност, а доколку не може тогаш нема воошто да глуми“, изјавил сопственикот на продуцентската куќа “Сирина“.

Режисерот истакнува дека тие две воопшто не дошле од економски причини судејќи според тоа што мајката и ќерката изгледале сосема пристојно. Како што рекле тие, сексуално биле слободни и отворени за нови искуства.

Двете изгледаа нормално. Беа убаво облечени, културно зборуваа и воопшто не изгледаа како да доаѓаат од некоја пониска класа на општеството. Ќерката дури имаше завршено и факултет.

Како што вели режисерот, на аудициите воглавно доаѓаат луѓе кои се во тешка финансиска состјба.

Се случи еднаш да дојде една мајка со нејзиното дете плачејќи: “Ме исфрлија од дома. Сакам да глумам само додека не се снајдам и додека не си го средам животот. Ѝ дадов пари и си замина. Никогаш не би искористил нечија таква ситуација за тој некој да глуми во мој филм“,  раскажал режисерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.