Вистината е дека мажите не се секс машини и тие понекогаш знаат да „потклекнат“. За среќа, за слабото либидо имаат добра причина, а разговорите и разбирањето му се потребни за да му се врати сексуалниот апетит повторно се зголеми.

1. Лекови

Некои лекови за намалување на крвниот притисок или депресија може да го намалат сексуалниот нагон. Ако проблемот е во тоа, охрабрете го партнерот да разговарате со лекар.

2. Стресот и анксиозноста

Мажите често се плашат дали ќе ја задоволат партнерката во кревет.  Обидете се да го разубедите и да му објасните дека се чувствувате исполнето без разлика на било што. Покрај тоа, врвниот секс бара многу пракса, па дадете си време и себе си и нему.

3. Исцрпеност

Заморот е многу честа причина зошто мажите имаат намалена желба за секс. Затоа навечер оставете го нека се наспие и обидете се да уживаат во сексот во текот на денот.

4. Лутината

Со текот на времето во врската знаат да се насоберат нерешени проблеми што може да го намали сексуалниот апетит кај мажот. Решението е- искрени и долги разговори, а не е лошо да се обидете гневот да го пренесете во спалната соба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.