Новинарката Ема Варди од „Би-Би-Си Ирска“ е казнета од челниците на телевизијата поради видеото со кое сакаше да собере пари за Националната здравствена служба.
Со пародија на песната „I want to break free“ од „Квин“, Варди глумеше сексуален однос со нејзиното момче, фудбалерот на Белфаст Рејвенс Арон Адамс.
Акцијата всушност ја започна токму Адамс заедно со неговите пријатели и соиграчи, но краткото појавување во видеото на Варди воопшто не им се допадна на шефовите од „Би-Би-Си“, па тој дел брзо е исфрлен од оригиналното видео.
Новинарката заработи парична казна за нарушување на имиџот на телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.