Во зависност од позицијата во која се практикува, за време на сексот се активираат речиси сите мускули на телото, така што не е чудно што со оваа активност се губат доста калории.
Сексолозите тврдат дека во секс од половина час се трошат 150 калории, додека за време на „постраствен секс“ се трошат дури и до 350 калории, што е еднакво на половина час трчање.
Резултатите објавени во магазинот „Plos One“, покажуваат дека мажите трошат 100 калории за време на просечниот секс, додека жените околу 69 калории.
Истражувачите процениле дека мажите можат да согорат околу 4,2 калории по минута за време на сексот, додека жените согоруваат 3,1 калорија, пренесува „Men’s Health“.
Научници од Универзитетот во Монтреал, во 2013 година се обиделе да најдат одговор зошто е тоа така.
Мажите можеби физички се поактивни за време на сексот, со што потенцијално се објаснува зошто согоруваат повеќе калории – вели авторот на студијата, Антони Карелис.
Сепак, жените исто така мора да научат да го контролираат својот оргазам и „да се држат до партнерот“ што е можно подолго, а на тој начин ги активираат мускулите на рамената, рацете и бутовите.
Доколку жените се позиционираат така што стопалата ќе им го допираат креветот или подот, ќе активираат голем број мускули.
Експертите нагласуваат и дека сексот е добра вежба и затоа се препорачува да се практикува што почесто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.