Лекарите морале да го ампутираат врвот на пенисот на 52-годишниот маж од Индија, кој по дводневна болна ерекција, добил гангрена.
Веста за овој несекојневен случај е објавена во индиско медицинско списани. Како што пренесува „Дејли мејл“, мажот побарал лекарска помош откако 48 часа страдал од болна ерекција. Откако докторите ја испумпале крвта од неговиот полов орган, му го оставиле катетарот, што предизвикало гангрена кај несреќниот човек.
Кога се вратил во болницата, на врвот на пенисот имал толку мртво ткиво што морале да му го ампутираат.
Три недели по операцијата, човекот почнал нормално да моча, а раната му зараснала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.