Докторскиот тим во болницата Гранд во Милано, Италија, морале да измислат нов алат со кој би  го извлекле гуменото дилдото, кое останало заглавено во задникот на еден 31-годишник. За време на прегледот, мажот објаснил дека се обидел да го извлече и самиот, но не успеал.

Сексуалното помагало било долго 60 сантиметри, а поминале 24 часа, пред тој да побара лекарска помош.

Докторите се обиделе со различни зафати да го отстранат предметот, но по неколку неуспешни обиди, тие создале направа слична на ласо, со која конечно, дилдото било успешно извадено.

Ја предлагаме оваа нова техника за отстранување на големи страни тела од ректумот и дебелото црево, кога останатите методи нема да успеат, вели доктор Лорензо Диоскориди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.