Научниците од Универзитетот во Индијана и португалскиот иститут „Гулбенкиан де сиенсија“ докажаа дека сексуалниот живот на луѓето се одвива во циклуси кои се поврзани со биолошките промени, кои, пак, имаат врска со промените во природата, како на пример временските прилики или сезонската достапност на храна.
Според нивната теорија објавена во „Сајентифик репортс“, се наведува дека зголемувањето на бројот на трудници во општеството е одредено и со културните потреби на средината.
Имено, пребарувањето на „Гугл“ или твитањето на именките како „секс“ и „секс пози“ за време на поголемите верски празници е доста зголемено, а тоа одговара и на порастот на новороденчиња девет месеци подоцна.
Така, најголемиот пораст во пребарувањата во земјите со мнозинство на христијани се случува околу Божик, додека во муслиманските земји за време на Рамазан Бајрам. Ова дополнително е докажано и со тоа што Рамазан Бајрам секоја година се слави на различен датум.
Веројатно тогаш луѓето чувствуваат поголема мотивација за зголемување на семејството, затоа што тоа се периоди со нагласок на љубовта, семејството, подароците, децата. Ова среќно семејно расположение и љубовта, ги тера луѓето на уште повеќе љубов, вели професорот Луис Роха од Универзитетот во Индијана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.