Голем дел од момчињата од различни делови од светот сметаат дека жените кои живеат на Балканот се посебни девојки, а кои секој маж треба да ги има на ум доколку се обидува да освои една од овие девојки.
Ова се некои од нив.
- Мора да знаете географија – Не можете да ја прашате дали хрватскиот јазик е ист со српскиот. Не можете на Македонка да ѝ зборувате дека Александар Македонски бил Грк. И не нарекувајте ги Југословенки!
- Тие обожаваат мажи кои се облекуваат добро – Никогаш нема да задржите девојка од Балканот ако не водите грижа како се облекувате.
- Потребно им е време да се подготват – Овие жени се секогаш средени и изгледаат убаво, но не се будат убави како Адријана Лима. Зад нивната убава фасада, има часови напорно дотерување и средување.
- Мразат скржави мажи – Баланските жени не сакаат мажи кои се скржави. Тие сакаат кога мажот се однесува галантно и нема проблем со тоа да им го плати кафето.
- Сакаат накит и парфеми – Мажот кој ќе засака Балканка, треба да знае дека таа обожава парфеми и чанти, накит… ситни нешта на кои се троши цело богатство.
- Пијат многу алкохол – Овие жени се силни и можат да испијат многу алкохол пред да им стане лошо.
- Дами на улица и диви во креветот – Имаат одлични манири кои ги покажуваат каде и да се појават. Но, во кревет тие се диви и точно знаат како да ги направат мажите среќни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.