Премиерот Зоран Заев претставувајќи ги новите проекти на СДСМ пред изборите на 12-ти април вети по две виршли за секој сиромав човек кои ќе им помогнат на најпогодените полесно да ја поминат зимата.
Една виршла може да си ја изедат на почетокот на кампањата, да ги држи едно 10-тина дена, па после и другата виршла, рече Заев.
Така правел и тој, јадел виршли во размак од 10 дена минимум.
Подобричко е за куремчето ако не се јадат одеднаш, полекичко е. Препорачувам топло на сите сиромаси кога можат да си апнат виршличка, а кога не можат или немат виршличка… ете, нека јадат лосос, бифтек или јагнешко печење, мене тие јадења искрено да кажам… или слично, ми идат најдобро после виршли и пред виршли, додаде Заев.
На ова реагираше Вице премиерот кој кратко соопшти: „Да се има две виршли и ниту една да не е за Вице премиерот? Па-штета!“.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.