Премиерот на Република Македонија Зоран Заев изјави дека ќе причека да ја види разврската од светското првенство во фудбал во Катар идната година пред да одлучи да ја активира оставката на позицијата премиер во владата.

Тој ова го објаснува со државнички и лидерски речник.

„Прво возможно е нашата земја да игра на тој шампионат. Не велам дека сигурно ќе игра, но можно е. Ама и да не игра, јас сепак ќе сум должен да коментирам и да пишувам статуси на фејсбук и твитер за некои од нашите соседи или пријателски земји. Ако не пишувам статуси со поддршка за нив или со споделување апсолутно значи на тагата во поразите или слично, може да ја загубиме шансата да станеме дел од Европската Унија“, рече Заев.

Токму затоа, вели тој, мора да се причека најпрво крајот на светското првенство, пред да донесе одлука за оставката од премиерската позиција.

„По свецкото во Катар многу работи очекувам да бидат појасни и за мене и за нашата земја. По шампионатот, кога ќе се оладат главите и емоциите од сиот тој фудбал, ќе може да донесам разумна одлука која ќе е најдобра и за нашата земја и за сите граѓани кои заслужуваат премиер кој мисли на нив и кога нема фудбал, но и кога има“, додава Заев.

Премиерот не беше запознат со податокот дека Бугарија не учествува на Светското првенство во Катар, после што искоментира дека мора да се најде начин, сигурно постои можност ако има желба, да заигра и нашиот сосед таму додавајќи дека лично ќе се заложи за тоа да се случи, после што го прекина интервјуто со пораката „нема време за губење, мора да им помогнам“.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.