Премиерот Зоран Заев на вонредна прес-конференција соопшти дека упатил барање до Управата за извршување санкции да ги преместат осудените од групата од Диво Насеље во објектот на владата на Република Македонија, со цел да ги заштити од провокации.

Видовме што се случува кога во притвор ќе се појават опасни провокатори кои ги провоцираат овие мирни луѓе кои никому не мислат зло. Тоа не е фер за затворениците и затоа решивме да побараме да бидат сместени во објектот на владата. Тука ја отстранивме оградата, па доколку некој случајно дојде и тука да ги провоцира овие луѓе, тие ќе може безбедно да се оддалечат од објектот до локација во која никој нема да ги провоцира и вознемирува, соопшти премиерот.

Тој додаде дека Владата има планови за овие луѓе.

Поради тоа што се напатени и нон стоп провоцирани, решивме да им помогнеме на овој начин, но нема да запреме тука. Сакавме и да ги вработиме во ЕЛЕМ, меѓутоа многу провоцираат новинарите со прашања за вработувањата во ЕЛЕМ, па сигурно ќе дојдеше до боксирање провокаторски настроени новинари, па веројатно ќе ги земам за советници кај мене во кабинетот, нека вадат една платичка луѓето, нека вадат едно лепче“, уште еднаш ја потврди својата хумана страна премиерот Зоран Заев.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.