Премиерот Зоран Заев на вонредна и итна прес-конференција се обрати пред јавноста со многу важна вест која од корен ќе го промени животот на граѓаните на Република Македонија.
Имено, Заев пред јавноста се пофали со новите очила кои ги добил како дел од специјална опрема која му следува како премиер поради кој Македонија толку многу блеска, што неговите очи мора да се заштитени за да може да продолжи да ја унапредува земјата.
„Ова се специјални очила преку кои се гледа вистината! Со овие очила светот е поубав и побезбеден, има пари за сите, едно општество за сите, дури и Бујар има афро фризура.“, изјави Заев при презентацијата на очилата.
Со овие очила, вели премиерот, појасно се гледа како правосудниот систем од срце го штити бидејќи ги отворил како пупка и „алал да им е поради тоа“, вели тој. Цвеќето мора да се грижи за својот градинар, шармантно и мудро заклучува Заев.
„Радмила мора да признаам ми личи на Шарлиз Терон или слично, а Кочо на Самоиле Џексон. А кога го гледам мојот верен Шилегов станува јасно дека тоа што го пие во чашата е чај, а не нешто друго или слично.“, додава Заев.
Тој очилата ги тестираше и на домашен терен, враќајќи се во Волково, каде забележал дека баба Перса суши-лаже и дека фактички во Волково има 400 километри нов автопат, како што му соопштил неговиот главен мајстор за патишта Горан Сугарески, а не кал и фекалии.
„Со овие очила кога ја гледам моја Струмица, гледам еден прекрасен чист град и тоа што го викаат црвениот аларм за воздухот е всушност лажна вест. Вистината е дека тоа е зелено светло кое кажува колку е радосен народот и дека сите се среќни од чистиот воздух“, соопшти Заев.
Новите очила му го промениле и начинот на кој ги гледа сите свои соработници. Сега ги гледам попрецизно, поискрено, вели премиерот.
„Ете, со очилата сфатив дека Оливер Спасовски личи на Тор, а Павле Богоевски ми личи на Олорл…раландо Блум. Цел свет изгледа поинаку, дури и времето тече побавно“, шокирано и радосно и соопшти на јавноста Заев.
„Како еден пример, средбата со Трамп која си ја гледам секоја вечер со овие очила сфатив дека трае половина час, а не како што велат сите пет секунди. И како вчера да фарбав згради со шарените, а не како да сум 4 години на власт. Не можам да ви опишам, преубаво е и на сите им ги препорачувам“, додаде премиерот.
Тој додаде дека покрај приказот на реалноста за тој кој ги носи, очилата имаат и заштитна функција за тој кој ги продава.
„Шо се вели, и да залупаш глупост некоја и да го нудиш кај Мирчо Свињарнико она шо беше земјиштето… народот нема да те види како корумпиран и нема да те сметаат за смотан и за крадец. Тоа е моќта на овие очила“, вели тој.
На новинарско прашање дали предолгото носење на овие очила може да предизвика штетни последици по здравјето, Заев вели дека нема штетни, туку само комични ситуации.
„Ете, утрово во владата се шетам низ ходникот со очилата и кога гледам што ќе видам – Снежана и седумте џуџиња! Многу се збунив, па морав да ги тргнам на момент и видов дека сепак тоа се само Бубо Каров и Роберт Поповски после што слатко се изнасмеахме сите“, радосно заклучи премиерот.
Тој најави дека розевите специјални очила со кои се гледа вистината ќе им бидат поделени на сите граѓани пред изборите на 12-ти април.
„Само луѓето кои гледаат со розеви очила може да ја дознаат вистината, овие очила се заштита од лажните вести на опозицијата.“, додаде вицепремиерката Шекеринска. Таа им препорача на сите обвинители и судии да ги носат овие очила особено периодов кога, како што вели, може да се изнаслужаат многу лаги од многу луѓе.
Таа исто така сподели една анегдота.
„Синоќа во владата, на сите им ги поделив новите очила. Го чекавме премиерот да влезе и да започне состанокот… во еден момент, здогледавме еден човек и сите започнавме да скандираме РАМБО, РАМБО, РАМБО! Па потоа Рамбо ни се обрати на чист смакедонски јазик и ни кажа дека на анкети водиме со 80% предност. После 15 минути сфативме дека тоа е сепак нашиот лидер Зоран. Пресмешно беше“, заклучува Шекеринска.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.