Премиерот Зоран Заев ќе е в.д. тренер на фудбалскиот клуб Беласица од Струмица со цел да го искачи на тронот на фудбалска Европа, каде последниве години доминираат Реал Мадрид, Ливерпул, Баерн Минхен, Барселона, Јувентус и другите европски великани. Заев доаѓа на местото на Данчо Драганчев кој од прв тренер ќе му стане советник на премиерот во раководењето со фудбалскиот тим од градот под Беласица.

Се одлучив на овој чекор бидејќи е време Беласица да заигра со полн потенцијал кој го има. Јас како премиер и министер за финансии, а воедно и в.д. заменик министер за култура, имам сепак доволно слободно време за да можам да се посветам и на фудбалот. Па како што блеска Македонската економија и со успесите во меѓународната политика, така имам за цел од Беласица да направам блескава екипа која ќе атакува на лигата на шампионската…табела, или слично рече Заев.

Според него нема конфликт на интереси меѓу тоа што е навивач на Шкендија, а тренер на Беласица.

Тоа со Шкендија си е приватна работа, до срцето која што ја чувам или слично. Но сум докажал дека ништо не ми пречи во животот за да го одвојам личното од професионалното. Доказ за тоа е што не го ставив министер за финансии брат ми, туку јас се жртвував за да не речат ете брат му го стави, иако секогаш братот се грижел за финансиите во семејството и тој ме научил се што знам за финансии, додава Заев.

За овој свој ангажман Заев најави дека очекува да биде номиниран за нобелова награда за економија, спорт и блескање на целокупното опшесфо.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.