Премиерот на Република Македонија Зоран Заев најави дека на директорот на скопскиот џез фестивал Оливер Белопета ќе му подари дел од отстранетата ограда околу владата на Република Македонија, откако на конкурсот на Министерството за култура култната манифестација не доби финансиска поддршка од државата.
Според Заев со овој гест ќе се зголемат шансите за одржување на нивото на џез културата во Македонија.
Смешно е и трагично што за џес фестивал им требаат пари на луѓето или слично. Јас и моите соработници играме на џес музика долги години и евро не сме побарале за нас. Но, за да докажеме дека многу сакаме џес музика во Македонија, на директорот Белопета ќе му биде поклонет дел од оградата која ја отстранивме од пред владата, којашто тој ќе може да ја продаде како старо железо и со паричките да прави џес фестивали, соопшти премиерот Заев.
Со овој гест меѓудругото Заев симболично сака да прати порака до граѓаните.
Концептот едно опшесфо за сите значи дека еднакви шанси за успех треба да имаат сите џес пејачи како Цеца, Северина или слично и со поклонувањето ограда јас сакам да се оградам од обвинувањата дека не го слушам звукот на џес. Напротив, само џес си слушам и тоа го знаете сите, убедливо додаде Заев.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.