Премиерот на Република Македонија Зоран Заев денес уште еднаш соопшти дека ако граѓаните гласаат за Гордана Сиљановска Давкова гласаат за Ѓорѓе Иванов кој ги кочел реформите на владата и ја терал на криминал.
„Сите знаат дека ние многу вредно и напорно работевме, но цело време бевме саботирани во нашата работа. Кочничар на реформите и процесите е Ѓорѓе Иванов кој е виновен заедно со Груевски за сите наши пропусти и недостатоци. Колку и да работевме, тие двајца секогаш беа тука да ја кочат работата“, вели премиерот.
Затоа, најави тој, ќе игра метлата и ќе го промениме тоа со глас за Стево Пендаровски.
„Досега не сум кажал, Ѓорѓе Иванов е човекот кој ми дојде на сон и ми рече да барам по евро за Вицето од луѓето кои сакаа да купат поефтини плацеви во Струмица. Јас не сакав, се опирав, се молев Бранко да ми дојде на сон и да ми каже нешто друго, но не, Ѓорѓе беше тука секоја вечер и ме тераше на криминал“, додаде премиерот.
Премиерот побара поддршка од граѓаните овие кошмари кои ги има да престанат.
„Затоа да гласаме против Сиљановска која е иста како Иванов и повторно ќе ме тера на зло. Да гласаме за Стево за да не бидам приморан повторно да правам криминали не по своја вина, како што утврди независното судство“, порача премиерот Заев.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.