Легендарниот менувач на пари Вице Заев одлучи да го промени името на својата штедилница „Пе-Он“ во „Медена земја“, известува порталот сегледаменаврвот.мк.
Ваквиот гест на братот на екс-премиерот е признание за успешноста на филмот номиниран за два Оскари, но и добра прилика граѓаните на Струмица да се почувствуваат повторно комотни за да можат со помош на оваа менувачница да дојдат до материјално добро.
Ако во минатото бевме критикувани дека сме менувачница преку која се правеле сомнителни трансакции за купување на земја по пониска цена, сега е јасно, Холивуд го одобри нашиот концепт па со право се преименуваме во „Медена земја“ и очекуваме уште поголем пораст на работата, вели сопственикот В.З.
Според него, принципот на Атиџе половина од медот да им враќа на пчелите, а половина да земе за себе е истиот принцип по кој функционирал тој со неговиот брат.
Ни се смееа за „Евро за Вицето“… Абе луѓе, кога работиме вредно како пчели за да им продадеме земја што поповолно на граѓаните, нели е ред и за нас пчеличките да има половина од медот? Во ред е, не бараме Оскар, добро ни оди и вака, но барем да не не’ критикуваат непотребно оние кои не мразат бидејќи сме успешни, додава тој.
Според менаџментот на менувачницата „Медена земја“, новото име е совршено за намената на оваа менувачница.
Сега секој кој сака да купи земјиште по поефтина цена во цела Македонија, не само во Струмица, ќе може да дојде тука, да остави пола од медот и да си ја добие медената земја која ја сака. Му служиме на народот и напорно работиме за интересите на граѓаните, радосно соопшти В.З. за порталот сегледаменаврвот.мк кој според неофицијални извори планира да го номинира В.З. за нобелова награда за хуманост поради своите дела заедно со неговиот брат З.З
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.