Радмила Шекеринска најави дека ќе ги отстрани бравите од сите свои 5 станови, со цел и тие простори да станат достапни за граѓаните на Република Македонија. Оваа нејзина одлука е по теркот на отстранувањето на оградата околу владата на Република Македонија.

Квадратурата на моите станови збирно е колку дворот пред Владата, па на овој начин сакам да го дадам својот удел во градењето на отвореното оптшество за сите и за отвореноста на оваа власт кон народот, изјави таа.

 

Сега секој граѓанин ќе може да дојде и слободно да влезе во некој од моите станови, за да види како живеам, да види дека вреди да се биде министер и функционер повеќе од 20 години и дека животот е навистина дојден, не е мит, туку реалност. Секој ќе може да го види тоа во моите станови, додаде министерката за одбрана.

Според неа, нема да е никаков проблем за приватноста бидејќи во секој случај овие станови си ги изнајмуваат меѓусебно со сопругот и никој освен нив нема да биде вознемирен од случајните посетители кои ќе сакаат да видат како живее Радмила. А таа тврди дека за задоволството на народот да види како живее еден функционер во отворено општество – вреди да биде „вознемирена“.

Апсолутно нема никаков проблем да влегуваат луѓе во моите станови, секој треба да има прилика да види колку добро живееме во Македонија, но само ќе ги замолам граѓаните да не ги допираат чантите и кондурите со мрсни раце, посочи таа.

Отворањето на становите на Шекеринска се очекува да се случи во текот на наредната недела.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.