Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов одеднаш престана со лажење, велат извори од неговото семејство кои не се вработени во државна институција.
Според нив, на Костадинов синоќа околу 23 часот ненадејно му се одлажало после што била повикана итна медицинска помош, која само констатирала дека Костадинов од мистериозни непознати причини престанал да ја поседува способноста да лаже со секое отворање на устата.
Не знаете колку беше чудно, одеднаш се стегна во стомакот, клекна на земја, започна да се стенка и кога го прашав Коста што ти е, тој рече „ме боли стомакот“, а не како што вообичаено би ми одговорил „Груевски ме удри со невидлив бокс“. Јас бев шокирана, запрепастена, речиси да онемев. Едвај повикав брза помош, бидејќи знаев дека е нешто многу сериозно, изјави сведок на настанот, негова роднина која Костадинов заборавил да ја вработи во ЕЛЕМ.
Докторите во моментов се немоќни, бидејќи за прв пат се соочуваат со ваков редок феномен и во моментов се очекува конзилиум на кој ќе се одлучува што понатаму со пациентот Костадинов.
Тој во моментов е во карантин зад затворени врати и има строга забрана за комуникација со други луѓе. Нашата редакција ќе го следи овој случај, а на пациентот Костадинов му посакуваме брзо залажување.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.