Многумина, да не речам повеќето не знаат за моето минато. Далечната 85та, лето на Широк Сокак. Јас на свои 14 години бев првата што го донесе брејкденсот во Битола, а можам и слободно да кажам и во Македонија. Се почна кога братучед ми Стив се врати со неговите од Америка. Тој беше 4 години постар од мене и беше значително навлезен во музиката. Паметам дека тоа лето ги донесе Run – D.M.C и King of Rock како и синглица The Message од Grandmaster Flash and the Furious Five. Gamechanger.
И едноставно ритамот ме фати и решив да играм. Немаше ден да не брејкаме на Широк Сокак. Направиве и брејкденс банда, екипа. Бевме јас, Лајнаро, Оризо, Мутавио и Токмако. Подоцна ни се придужија и неколку млади Роми од Баир, но беа класа над нас. Играв можеби 10 години, се додека не излезе The World of Music Instructor. По тоа, се осетив стара, музиката ми изгуби драж. Имаше други работи за правење.
Вчера, вчера беше прекрасен ден. Не знам што ми стана, па решив да удрам некој потег. Да се присетам на тоа лето 1985та, на една безгрижна младост…
– Наташа Петровска, градоначлник на Битола, социјалдемократ, мајка, жена која го донесе брејденсот во Македонија, freestyle break шампион на брејкденс купот во Oптичари во 1987, 1988 и 1991.
Извор: Пост вистина
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.