Пратеникот Павле Богоевски соопшти детали за снимката која протече во јавноста, а на која се слуша како пратеникот нарачува наркотични средства по телефон.
Имам цврсти докази дека не ме снимал Веруш, туку ме снимал таксистот со кој се возев, а кој според мене беше Груевски. Имено знаеме дека Груевски знае да вози, знае како и половина Скопје дека сум мераклија и клучниот доказ – има телефон – што значи може да вози и да снима. Според тоа, нема кој да биде друг кој ме снимал како нарачувам наркотици освен Груевски. Мора да е он, убеден е Богоевски.
Тој посочи и дека неговите сами почетоци на кариерата како уживател на наркотици се поврзани и поттикнати токму од екс-премиерот.
А инаку започнав со конзумација на наркотици исто така поради Груевски. Тежок беше животот во негово време бидејќи ние сме родени за власт, а не можевме да ја имаме и ни паѓаше тешко. А кога на човека му е тешко, темно, црно, ќе посегне по нешто светло, бело, вели Павле.
Богоевски најави дека ќе го пријави Груевски во полиција за недозволено снимање, возење такси без лиценца, маскирање во таксист, иницирање на започнување со конзумација на наркотици, телепатско наведување да нарача дрога во такси и уште 20 други кривични дела против човештвото и Павле пратеникот кои ги сторил лично Груевски.
Во оваа држава мора да владее правото, а тоа е правото да кажам што сакам и да ми верувате, како и правото за се да посочиме дека е виновно ВМРО, бидејќи сте тренирани на тој начин. Воедно би сакал да потенцирам дека не ме снимале нашите служби бидејќи само ВМРО снима, кога е Веруш шеф тие не снимаат туку набљудуваат внимателно за доброто на граѓаните. Значи, мора да ме снимил таксистот. Тоа е вистината. Како што го местеа Заев дека барал мито, а сите знаеме дека тој не бара мито и е чесен, така ме местат сега и мене. Познато е дека Вице Заев не е човек митаџија, туку е човек кој само сака да подржи туѓи евра, бидејќи има фетиш кон нив, после што им ги враќа на луѓето како Робин Худ, одлучно нагласи Богоевски.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.