Министерството за информатичко општество додели посебна дозвола за излез на папагалчето Кико, едно од најпознатите миленичиња во државата, зато што му припаѓа на техничкиот премиер Оливер Спасовски кој го промовираше во преизборната кампања. Кико ќе ја добие дозволата на барање на Спасовски кој претходно се консултирал со здруженијата за заштита на животни околу чудното однесување на Кико. Алармот бил вклучен откако Кико наместо да ги повторува разговорите на Спасовски на ромски јазик, тој ја покривал главата со крилјата и крештејќи се смеел. Психолозите за животни по направениот разговор со Кико, утврдиле дека папагалот на Спасовски бил убеден дека неговиот сопственик комуницира со билки и вонземјани и одбивал да се спушти на тоа ниво и да повторува. Затоа препорачале секојдневен лет до Шуто Оризари и едночасовно слушање на Шабан Бајрамовиќ по што знаењето би можел да му го пренесе на неговиот сопственик кој се заколнал дека ќе повторува и учи од папагалчето Кико.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.