Премиерот Зоран Заев денес најави дека Владата донела одлука за отстранување на оградата во затворот Скопје, попознат и како „Шутка“.
Според премиерот, овој гест се прави со цел да се овозможи на сите затвореници од Диво Насеље да избегаат од затвор ако им се закануваат Миле и Спиро.
Како што ми соопшти директорот на затворот Котевски пред да си ја поднесе оставката, Миле и Спиро ги провоцирале затворениците од Диво Насеље после што овие немајќи каде да одат морале да ги боксираат. Со отстранувањето на оградата која е дел од Отвореното опшесфо за сите, ќе им се овозможи во иднина доколку имаат вакви провокации, да се тргнат од тој простор и да ги остават провокаторите сами, да не им успее провокацијата“, рече Заев.
Тој е убеден дека овој концепт ќе придонесе за подобрување на животот на сите граѓани, живот без провокации и нужна потреба од употребување на мерки за боксирање.
Со овој чекор Македонија ќе стане побезбедно место за живеење за сите затвореници, додаде премиерот.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.