Маж од Штип вчера бил хоспитализиран на клиниката за невропсихијатрија во Скопје откако се обидел да сфати што зборува екс-премиерот Зоран Заев.

Лицето според сведоштвото на неговиот најверен пријател решило внимателно да го слуша Заев, да ги запишува зборовите кои ги кажува, внимателно, еден по еден, а потоа и да ги повтори за да сфати што всушност сака да каже поранешниот струмички градоначалник. Но наместо големо откритие, штипјанецот завршил во болница.

Сакаше на некој начин да се обиде да го дешифрира Заев. Мислеше дека се работи можеби за несфатен гениј, за скриен суперинтелект, а не за човек кој има проблем да врзе една реченица без да направи грешка, па таа своја интелектуална инфериорност ја компензира злоупотребувајќи ја моќта за која би сторил се. Се сум видел во својот живот, ама ваков пациент нема никаде на свет!, ни изјави Богоја, кучето на хоспитализираниот маж, инаку од расата шнауцер, старо 11 години. Тоа низ резигнација ја раскажува голготата низ која поминал неговиот стопан.

Шнауцерот Богоја (11): Не ми се верува какви луѓе има

Во суштина е доста едноставно. Ваквите профили на луѓе би сториле се за моќ, бидејќи без моќта остануваат она што навистина се – празни лејки. И за тоа не треба да си научник, не мора ниту да си човек за да сфатиш. Доволна е една лесна вежна: замислете дека Заев никогаш не бил ниту премиер ниту градоначалник на Струмица. Дали би разговарале воопшто на било која тема со него? Би сакале ли да ви е пријател? Кум? Бизнис партнер? Да му се доверите за нешто? Да му дадете пари на заем? Да купите половен автомобил од него? Не, нели? Мислам, треба да си луд за тоа. Епа, мојот газда, сега пациент, упорно сакаше да открие некоја силна мудрост кај Заев и ете како заврши, продолжува да раскажува шнауцерот Богоја.

Според Богоја, тука се крие и причината, самиот корен на многу нешта кои се случија во нашата држава во изминатите 5-6 години.

Ако сте таков м%$U| (цензурирано од редакцијата) како Заев и знаете дека без моќ сте никој и ништо во дуалистичка анализа на личноста преку аспектите на интелектуална и фискална реализација и доколку имате предиспозиции за психопатологија и сте криминоген, веројатно и вие би биле во потесниот круг на одбрани кои треба да делуваат без мозок за националните прашања, со меморија на златна рипка за своите зборови, без апсолутно никаков срам ни одговорност за стореното – односно да сте навистина редок, редок човек, забележува шнауцерот Богоја.

Тој вели дека токму поради ваквите согледувања „откако слегнала маглата“ неговиот сопственик не можел никако да се помири со фактот дека бил изманипулиран од еден, како што вели Богоја, „беден манипулатор и вистински идиот св#5@^*%&@m (цензурирано од редакцијата)“, и упорно барал некоја длабока смисла на зборовите на Заев, некое тајно значење, скриена мудрост, голема философија која би го оправдала сето тоа што се случило и би била покритие на тоа зошто едно разумно човечко суштество би положило доверба во човек како Заев. Но, наместо тоа, завршил на нервното одделение.

За мене е апсолутно неприфатлива идејата дека еден егземплар на хомо сапиенс како вас може да потпре макар еден промил од својата доверба кон хомо еректус со аустралопитекусна когнитивна способност како оној г(#%@& (цензурирано од редакцијата) за кој гласаше мојот мил и тажен газда. Но впрочем, што знам јас? Јас сум само едно обично куче и… веројатно не ни постојам. Освен во твојата глава, вели шнауцерот Богоја.

Од психијатриската клиника не сакаа да ги коментираат наводите на кучето, само кратко одговорија: „Очигледно е дека кучето е против ЕУ, НАТО, продажбата на мерцедесот, гугл и фејсбук во Македонија и 500 (или 600) евра плата. Не му верувајте што ви вели, таков човек не постои“.

Од владата изјавија дека мажот кој не постои е во стабилна состојба. Обвинителство најави кривична против кучето по службена должност.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.