Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски соопшти дека како дел од мерките за сузбивање на корупција лично се грижи да нема непотребно трошење вода кога министрите и вработените во владата ги користат тоалетите.

Тој соопшти дека за да постави пример, лично наслушнува пред вратите на тоалетите колку пати некој министер ќе пушти вода.

Откако ќе слушнам дека еднаш или два пати пуштил вода, чекам да излезе, а потоа влегувам за со помош на мирисна метода да утврдам дали бил внатре по мала или голема нужда. Ако забележам дека не мириса „на големата“, а вода е пуштена повеќе пати од еднаш, тогаш спроведувам тајно анкетирање да дознаам што јадел утрото или минатата вечер, за да прецизирам дали е можно да имал толку мека немирисна столица или едноставно бил по мала нужда, а ја оштетил државата за неколку пуштања вода од казанчето – соошти Николовски на прес-конференција одржана во владин тоалет.

Николовски демонстрираше лично како треба рационално да се пушта казанчето, давајќи и практични совети за заштита на буџетот на Македонија.

Ако некој министер влезе во тоалет по мала нужда, сепак нека седне, можеби ќе му дојде поголема потреба, па со една-две води ќе ја заврши целата работа… а не одвоено да се моча и да се прави она другото – културно објасни Николовски.

За да биде вистински пример за другите партиски и коалициони другари, честопати на работа доаѓал со две полни кофи вода од дома.

Ако јас не покажам како се чува татковината, кој ќе покаже? – скромно забележа Николовски.

Според него, единствена отстапка прави кога тоалетот го користи премиерот Заев бидејќи, како што вели Николовски, „сите знаат дека премиерот и кога врши голема нужда, од себе исфрла јаготки, па не може со мирис да се утврди дали потрошил повеќе од потребното“.

За сите министри кои нема да се придржуваат кон редот кој го постави Николовски се најавени казни.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.