Специјалната обвинителка Катица Јанева на вонредна прес-конференција соопшти дека благодарение на брзата реакција на сите државни институции, поплавата во СЈО поминала без жртви.

Во поплавата значи немаше жртви, што тоа е најважно. Реагираа веднаш значи, сите институции реагираа и дојдоа од пожарна, дојдоа со гумени кајчиња од единицата фоки, ренџерите, волците, тигрите, сите. Амбулантата исто така значи дојде. Ми се јави амбасадорот и ми рече Катице како си добри ли се сите, пришто јас значи му одговорив дека се собри само фризурата малку ми се исправи од влагата ама дека во четврток ќе одам кај Мери на фризер и ќе ми ја среди на што тој ми рече супер ти е фризурата така да си ја одржаваш а јас му реков благодарам природна ми е посмеѓа ама со извлекување прамени се прави добар ефект, соопшти Јанева.

Според обвинителката, среќна околност е што во моментот на поплавата Фатиме Фетаи не била присутна во СЈО.

Поплавата се случи значи додека слушавме пресуди за Титаник 2, собрани бевме сите обвинителки и одеднаш така, како да протече вода од сите страни. И сите се погледнавме и си рековме среќа што Фатиме е во судот инаку ако беше и таа тука ќе ја поплавевме цела зграда значи, вели Јанева.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.