Средствата собрани за Велигден МПЦ да ги донира за хеликоптерите, бара влијателно свештено лице, кое често може да се види во високи кругови на естаблишментот. Овој со брадата, иако сите се со бада, поднел барање до Синодот откако се навредил од иновативното решение на шведската фирма Сархемс за финансирање на хеликоптерска медицинска служба, во кое се разгледувале земни опции како М-НАВ, патарините, зелените картони…, а факт е дека духовната мисија на Црквата е поблиска со воздушниот сообраќај отколку онаа на Македонија пат, на пример.

Затоа, овој со брадата од една епархија од истокот на државата бара велигденскиот приход на Цркавата да му се дава на рака, а тој да го предава на каса прими во шведската фирма.

Во народот е одомаќинет вицот „на, попе, рака“, демек ние поповите сме сакале само да земаме, а не и да даваме. Па затоа, сакам да покажеме дека ние со брадата не сме такви. Напротив, кога имаме кому да дадеме, со едната рака земаме, со другата даваме. Јас имам искуство со земање и давање, па еве ќе бидам посредник, такаречи благајник, стои во предлогот на „тој со глисерот, односно брадата“.

МПЦ е на мисла како да одлучи, зашто веќе се чувствуваат фракции во нејизните редови. Еден друг со брадата морализирал зад затворени вради дека сите биле еднакви пред законите, па дури и свештениците, на што тој со брадата и со глисерот гласно се спротивставил и го проширил својот предлог големата неправда нанесена на сите со брадата со тоа што црквата била изоставена од иновативните начини на финансирање на хеликоптерите за прва помош да биде исправена така што свешените лица ќе добијат бесплатни хеликоптерски прелети за продолжени викенди до турситичките места во соседството, осовено оние на море. На тој начин ќе ги избегнат гужвите на патните граници и во значително помала мера ќе бидат изложени на ризици и фала Богу, нема да им требаат хеликоптерите за не дај боже.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.