Познатите индустријалисти Џабир Серала и Саше Аналитика се браќа близнаци. Оваа шокантна, но радосна вистина била откриена сосема случајно за време на рутински медицински прегледи минатиот месец.

Мислителите, идеолози и стратези на политичката мисла во СДСМ имале редовен преглед на нервниот систем поради обновување и надополнување на терапијата за подобар живот. Во рамките на прегледот давале и крв за да се провери влијанието на месечниот надомест за среќа врз бројот на бели крвни зрнца.

Тука уследил шокот: Било откриено дека Аналитико и Џабир имаат сосема иста ДНК, па со дополнителни испитувања се открило дека се браќа близнаци.

Неверојатно, чоече. Многу се радувам бидејќи сепак, нели, Џабир е еден великан на пцуењето и загланцувањето на интимните реони на нашиот лидер, а мене тоа ми е опсесија. Но, ова откритие значи дека и јас не сум лош на тоа поле, па прекрасно е чувството, вау“ – ова е насловот на текстот на порталот Мрактел во кој Аналитико го обзнани новиот податок за новооткриениот брат близнак.

Серала на тоа искоментира кратко и со воодушевување за достигнувањата на современата партиска медицина:

Најинтересното е што пред 6-7 години не бевме близнаци, но со тек на време, со тек на месечни надомести со кои прво сфаќавме колку лошо се живее, а сега ни е совршено јасно колку е добро, кој пишува лажни вести, кому му е најголем (се разбира, на мудриот наш лидер, да нема недоразбирања), кому најубаво му мириса (да не се повторувам)… ете, ние едноставно станавме близнаци. Идентични. Совршени. Вистински генијалци. Прекрасно, прекрасно чувство“, призна Серала.

И Серала и Аналитико се познати стопанственици, односно фабриканти. Дали размислуваат за спојување на капацитетите, рано е да се каже, иако Серала е отворен за оваа опција.

 

Ние сме како браќата Даслер. Ади бил сопственик на Адидас, Рудолф ја направил Пума. Е сега тие знаеле од старт дека се браќа па неопростиво е што се одвоиле со бизнисите, ние не знаевме, но бизнисот не спои и не направи близнаци, така што… не знам што сакав точно да кажам, но едно е факт, опозицијата шири лажни вести, а лидерот наш наместо обичен фецес за себе остава шеќерна волна која, хехе, ете и мене и брат ми близнак така, малку не здебели поледниве години, хехе…“, духовито забележува Серала.

После долги години на живеење во лаги, Аналитико и Џабир конечно ја дознаа вистината. Им посакуваме убав и успешен живот и да продолжат да бидат како еден ист човек.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.