Си-ен-ен 1 јули 2019

Јас сум Џеки Андерсон од студиото во Лондон. Колешката Кристина Аманпур е на терен во Скопје, Македонија. Таа има возбудливи вести од таму….

Аманпур:
Политички турбуленции во малата млада држава Република Македонија. Владата на реформаторот и кандидат за Нобелова награда за мир е пред паѓање заради не одговорната политика на ЕУ.

Според информациите пратениците од владејачката партија Мира Дизел, Амди Бајрам, Курто Дудош, Фросина Ременска, Ферид Мухиќ и Ивана Туфеџиќ го известија Премиерот Заев дека се разочарани од недобивањето во јуни датум за почеток на преговори со ЕУ и дека бараат негова оставка заради тоа.

Премиерот вината ја префрла врз неодговорните земји членки на ЕУ како Франција и Холандија, но се чини дека доколку и во јули ЕС не и додели датум на малата и мошне ранлива соседка на Грција, земјата ќе треба да се соочи со предвремени избори и можност за враќање на националистите на власт. Премиерот исто така смета дека ова е резултат и на активностите за рушење на неговата влада на Никола Груевски поранешениот премиер кој доби политички азил во Унгарија.

Пратеникот Амди Бајрам за СНН изјави дека неговото гласачко тело кое е силно ориентирано кон европските вредности и е целосно свесно за придобивките од членството веќе го има загубено трпението и смета дека Премиерот треба да понесе одговорност.

Пратеничката Мира Дизел го критикуваше Премиерот дека недоволно сторил и за воведување на европските стандарди во земјата особено во делот на реформите на администрацијата и дека непотизмот под негово раководство сигурно е една од причините за спротиставивањето на Франција и Холандија.

Курто Дудуш смета дека земјата сеуште има слабости во судскиот систем и по одлучно справување со сивата економија. Намалувањето на кеш исплати на само 500 евра е недоволно. Потребно е целосно да се елиминира кешот изјави Курто Дудош за СНН.

Фросина Ременска на контото на Премиерот го става недоволно квалитетните безбедносни реформи за кои таа и сопругот се залагале. Пратеникот Ферид Мухиќ се повикува на славната мисла на Вилијам Шекспир дека неуспехот кога доаѓа доаѓа во бранови. Тој смета дека е подобро веднаш да се повлече Премиерот за да се спречат следните бранови неуспеси а додаде и дека за бошњачката заедница незамисливо е земјата да не е членка на ЕУ.

Ивана Туфеџиќ изјави дека нејзините шарени револуционери се разочарани од учинокот на Заев во делот на европските интеграции.

Добро информирани извори говорат дека Заев се обратил за помош и кај осумте проевропски пратеници на ВМРО-ДПМНЕ но и таму не наишол на подршка.

Впрочем неодамна Крсто Муковски испрати јасна порака дека неговиот електорат во Вевчани му изврши притисок спротивно на неговата воља да гласа за промена на името и дека Вевчани се смета за нераздвоен дел од Брисел, така што недобивањето датум неизбежно ќе води кон нечија одговорност. Тој додаде дека е преставник и на бизнис заедницата во парламентот и дека и покрај тоа што нему добро му оди бизнисот, пошироката бизнис заедница бара одговорност заради недобивањето датум.

Елизабета Канческа Милевска само кратко прокоментира за СНН: за мене е веома врло важно да станеме членки на ЕУ. Зарем ќе се враќаме повторно во времето на антиката и спомениците на античките херои, ви се молам.

Заев побара подршка и од опозициските албански партии но тие му одговорија дека Албанците во Македонија со или без Македонците ќе влезат во НАТО и ЕУ. Дуи најави став за утре по одржување на централното претседателство. Ставот најпрвин ќе му го соопштат како што рекоа на амбасадорот, не наведувајќи за кој амбасадор станува збор.

Дали Франција и Холандија ќе имаат слух за проблемите на храбриот премиер кој ја очекува нобеловата награда останува да видиме на следниот самит на ЕС кон крајот на јули.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.