Австралискиот премиер Скот Морисон е изложен на потсмев на социјалните мрежи, поради фотографија која ја фотошопирале членови од неговиот кабинет, но неуспешно, зошто изгледа како да има две леви нозе.
На семејната фотограгија, која требала да биде постирана на неговиот официјален личен сајт, се гледа дека носи невообичаено бели патики и тоа двете за лева нога.
Фотографијата мноу брзо се рашири низ социјалните мрежи и предизвика бурни реакции па на Твитер се огласи и самиот премиер велејќи дека не побарал да му ги „светнат“ патиките, и ако веќе мора да користат фотошоп тоа да го направат со влакната на нозете, изгледа како да ги нема, па објавил и фотографија од патиките како всушност изгледаат.
Инаку тој има имиџ на обичен човек а користи и воз за да стигне до работното место, исто како и останатите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.