Игор Дурловски бара да биде суден правично и без мешање на политиката. Останатото во неговиот пост се емоции, пишува адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска на својот Фејсбук профил.

-Секој кој гради мислење и дава опсежни коментари и прогнози во врска со оваа вест па го суди пред да е осуден, треба да ги знае следните факти:
1. Игор Дурловски има одржано 3 говори во 60тина дена протести и ниту еден не повикува на насилство. Не е дури ни безобразен. Најчесто ја пее химната и си оди.
2. На 27 април не ја поведува толпата зошто воопшто не е пред Собрание. Доаѓа 30-40 мин подоцна откако толпата влегува, а сега веќе знаеме и од кого е поведена и со чија помош и кој ги отворил вратите.
3. Обвинителство го гони за следново дејствие -“држел говор со кој повикувал на насилство”, што се докажа дека не е точно бидејќи воопшто не држи говор на 27ми во салата Македонија и за ова има снимки.
4. Обвинителството не го карактеризира како било каков организатор на насилството ниту за ова беа изведувани некакви докази. Убедена сум дека во законска процедура Дурловски НЕМА ШАНСА да биде осуден за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок. Ако биде, тоа е една голема неправда и навистина политички прогон! Затоа, кога тргате да барате крв, прво информирајте се кои се фактите.
Сето спротивно на ова е ситење и признавање дека кога обвинетиот не ни се допаѓа, спремни сме да ја жртвуваме правдата, додава таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.