Како што соопшти МНР, освен со својот домаќин, литванскиот министер ќе се сретне и со државниот врв на Република Македонија, како и со повеќе пратеници во македонското Собрание.
На агендата на разговорите на двајцата министри ќе бидат прашањата за динамиката и развојот на македонско – литванските билатерални односи, секторската соработка, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план, како и литванската поддршка на процесот на интеграција на РМ во ЕУ и НАТО. Исто така, шефовите на двете дипломатии ќе разменат мислења и за повеќе актуелни прашања од регионални и меѓународни рамки.
Средбата Димитров – Линкевичиус, според агендата, ќе почне со потпишување спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај, по што следуваат тет-а-тет разговорите.
Министрите ќе имаат и обраќања на панел дискусијата „Заеднички цели: стабилност на Балканот, безбедност на Балканот“ што ќе се одржи во МНР, во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции.
Извор МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.