Наследничката на фолк пеачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, своите следбеници на социјалните мрежи реовно ги радува со објави од својот приватен живот.

Таа овој пат на своите следбеници им поделила извадок од една книга која, како што напишала, ја прочитала во еден здив. Приказната се базира на болно раскинување, а акцентот е на дечкото кој ја прекинува врската поради симнување од хероин.

– Се симнувам од хероин. Првиот ден изгубеност, конфузија, катастрофа. Вториот ден физичка болка. Третиот ден кулнимација на болка. Депресија. Безнадежност. Вчера покрај “Москва” го слушам твојот глас… Тебе и само тебе. После твоето “збогум” , не очекувам одговор, но ова морав да ти го напишам. По толку писма нека биде уште едно – пишувало во извадокот, а Анастасија на фофографијата додала и скршено срце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.